Испорака на плисе, зебра и роло завеси, венецијанери и комарници – за две недели од денот на нарачката.

Роло завеса Sun Screen 301 – бела

од 1.000 ден

Total

Прати му на некој
Viber WhatsApp Facebook

Споделете на:

Опис

Роло завеса Sun Screen 301 – бела внесува светлина и модерен изглед во секој простор. Ја филтрира дневната светлина и во исто време ви дозволува да гледате надвор.

Изработена е од техничка screen ткаенина, полиестер обложен со PVC. Го намалува блескањето и загревањето, па е удобна покрај компјутер и телевизор. Филтрира од 90 до 99% од UV-зраците и ги штити мебелот и подот од бледнеење. Идеална е за дневна соба, кухња, канцеларија, кафеани и простори со големи стакла.

Карактеристики:

  • Контрола на топлина и блескање
  • Висока UV-заштита
  • Преку ден се гледа надвор
  • Отпорна на влага и сонце, не се деформира
  • Лесно чистење со четка или влажна крпа
  • Негорлива ткаенина
  • Изработка по ваша мерка

Цената се пресметува според ширината и висината што ќе ги внесете. Минимална површина за пресметка е 2 m². Ако не сте сигурни за мерките, пишете ни на Viber и ќе ви помогнеме.

Напомена: Боите на производот може малку да се разликуваат од сликите, во зависност од осветлувањето и екранот на вашиот уред.

Испораката се врши само на територијата на Република Северна Македонија.

Рок на испорака
Рокот на испорака е:  до 7 работни дена,  За време на намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено.

Преземање на пратки
Курирот пред да ја достави пратката ќе Ве контактира на телефонскиот број запишан во нарачката. Купувачот е должен да запише во нарачката телефонски број за контакт на кој тој/таа ќе биде достапен се додека не ја прими пратката. Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.
ВАЖНО: ДЕТАТЕКС ХИМ ДООЕЛ го задржува правото да не испраќа пратки кон
купувачи кои не се придржувале на условите за користење на веб страната, условите за испорака на онлјан продавницата и/или не ги превземале и подигнувале пратките кои претходно ги нарачувале преку онлајн продавницата.

Цена на Испорака
Доставата на производи е на сметка на купувачот. Цената за испорака се калкулира
при нарачката.
Цената за доставата на заменски пратки на производи и враќање на производи е на трошок на купувачот.

Политика за замена, враќање на производи и поврат на средства

Најважен услов

Производот мора да се врати во иста состојба во која е примен:

  • неупотребуван, неперен, непеглан и несечен;
  • не е монтиран или закачуван;
  • со сочувани етикети и оригинално пакување;
  • со сметката, фискалната сметка или фактурата што сте ја добиле.

Ако производот не е во таква состојба, замена или враќање не се прифаќа.

Како се прави замена

  1. Ја најавувате замената на 071 438 305, на Viber или на info@detateks.mk.
  2. Го враќате производот: лично во една од нашите продавници во Струга или преку курир.
  3. Прво го примаме и го разгледуваме вратениот производ.
  4. Ако ги исполнува условите, дури тогаш ви го испраќаме новиот производ.

Ако производот го донесете лично во продавница, проверката и замената се прават веднаш.

Рок

Замена или враќање може да се побара во рок од 15 дена од денот на подигање, односно доставата на производот. Видливите оштетувања мора да се пријават веднаш при приемот, или најдоцна во рок од 24 часа, со слика.

Производи што не се враќаат и не се заменуваат

Завесите, драперите, плисе, зебра и роло завесите, комарниците и сите производи сечени, шиени или изработени по мерка на купувачот. Тие се изработуваат поединечно, само за вас. Исклучок е грешка од наша страна: погрешна мерка од нарачката, погрешен модел или боја, или фабричка грешка. Тогаш го поправаме или изработуваме нов без надомест.

Не се прифаќа враќање поради погрешна мерка земена од купувачот, ниту поради разлика во бојата од екранот на уредот.

Поврат на средства

Ако нема производ за замена, парите се враќаат на истиот начин како што е платено: во готово, на сметка или со сторнирање на картичката. Повратот го правиме веднаш по проверката на производот, а во банката може да трае до 30 дена.

Трошоци за испорака

При замена или враќање, трошоците за испорака се на сметка на купувачот, освен кога причината е грешка од наша страна.

Мислења на купувачи

Сè уште нема мислења. Бидете први!

Бидете први што ќе остави мислење

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мислењето ќе се појави откако ќе го прегледаме.

Задоволни сте од купувањето? ⭐
Помогнете ни со оценка на Google – трае само 30 секунди.
⭐ Продавница Мислешево ⭐ Продавница Цветан Димов 1