Опис
Драперот Blackout V03 е затемнувачка ткаенина во топла беж нијанса. Густата мат ткаенина го задржува поголемиот дел од светлината и затемнува околу 80%, па е одличен избор за спална соба, детска соба или просторија со многу сонце.
Ткаенината паѓа рамно и во мек, полн набор, а беж бојата лесно се вклопува со секоја боја на ѕидот и мебелот.
Карактеристики
- Модел: Blackout V03 (беж)
- Затемнување: околу 80%
- Висина на ткаенината: 300 cm (се сече по должина)
- Состав: 100% полиестер
- Цена: 900 ден по метар
Шиење по мерка
Драперот го шиеме по ваша мерка, со избор на начин на набирање. Не сте сигурни колку ткаенина ви треба? Погледнете го водичот Колку метри завеса ми се потребни?. Разгледајте ги и другите драпери од нашата понуда. Нарачајте онлајн на detateks.mk, со испорака низ цела Македонија, или посетете не во нашите продавници во Струга.
Напомена: сликите се илустративни. Нијансата на ткаенината може малку да отстапува од бојата на сликата, во зависност од екранот и осветлувањето. За точна боја, посетете не во нашите продавници во Струга или контактирајте не.
Напомена: Боите на производот може малку да се разликуваат од сликите, во зависност од осветлувањето и екранот на вашиот уред.
Политика за замена, враќање на производи и поврат на средства
Најважен услов
Производот мора да се врати во иста состојба во која е примен:
- неупотребуван, неперен, непеглан и несечен;
- не е монтиран или закачуван;
- со сочувани етикети и оригинално пакување;
- со сметката, фискалната сметка или фактурата што сте ја добиле.
Ако производот не е во таква состојба, замена или враќање не се прифаќа.
Како се прави замена
- Ја најавувате замената на 071 438 305, на Viber или на info@detateks.mk.
- Го враќате производот: лично во една од нашите продавници во Струга или преку курир.
- Прво го примаме и го разгледуваме вратениот производ.
- Ако ги исполнува условите, дури тогаш ви го испраќаме новиот производ.
Ако производот го донесете лично во продавница, проверката и замената се прават веднаш.
Рок
Замена или враќање може да се побара во рок од 15 дена од денот на подигање, односно доставата на производот. Видливите оштетувања мора да се пријават веднаш при приемот, или најдоцна во рок од 24 часа, со слика.
Производи што не се враќаат и не се заменуваат
Завесите, драперите, плисе, зебра и роло завесите, комарниците и сите производи сечени, шиени или изработени по мерка на купувачот. Тие се изработуваат поединечно, само за вас. Исклучок е грешка од наша страна: погрешна мерка од нарачката, погрешен модел или боја, или фабричка грешка. Тогаш го поправаме или изработуваме нов без надомест.
Не се прифаќа враќање поради погрешна мерка земена од купувачот, ниту поради разлика во бојата од екранот на уредот.
Поврат на средства
Ако нема производ за замена, парите се враќаат на истиот начин како што е платено: во готово, на сметка или со сторнирање на картичката. Повратот го правиме веднаш по проверката на производот, а во банката може да трае до 30 дена.
Трошоци за испорака
При замена или враќање, трошоците за испорака се на сметка на купувачот, освен кога причината е грешка од наша страна.
Мислења на купувачи
Сè уште нема мислења. Бидете први!